Терсене власти – не ги сакаат голите стјуардеси од Виетнам (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Виетнамската нискобуџетна авиокомпанија VietJet ветуваше дека стјуардесите, или било кој друг вработен кајнив, на идната линија од Хо Ши Мин Сити до Џакарта, нема да бидат полуголи, односно нема да се изведува „озлогласениот“ танц за патниците.

Компанијата стана популарна кога во 2012 година го сврте врз себе јавното внимание ангажирајќи танчерки на еден локален лет, како дел од нивната маркетиншка видео промоција. Компанијата тогаш беше казнета поради непристојна рекламна кампања, но оттогаш VietJet стана незамислив без споменот од прекрасните стјуардеси во бикини, макар и да постојат само во минатото.

Исто така, „безобразната“ кампања се исплатеше – компанијата која е основана во 2011 година, денес лета кон повеќе од 50 дестинации, а нејзината сопственичка Нгујен Ти Пуонг е првата виетнамска милијардерка.

Токму поради ваквата репутација на авиокомпанијата, властите од Индонезија се погрижија буквално да биде ветено дека на летот од VietJet за Џакарта сите членови на екипажот ќе бидат прописно облечени.

Иако, како што наведовме, танцовиот елемент дојде до израз само еднаш, индонезиските власти сепак побараа да биде ветено од компанијата дека тоа нема да се случи. За сета ситуација да биде поинтересна се погрижи и индонезискиот амбасадор во Виетнам, Ибну Хади, кој на сонародниците на една индонезиска ТВ станица се обиде да им објасни дека тоа се случило некогаш и дека станувало збор за лет кон Нха Транг, место во кое бикини костимите се нормална појава, особено додека се лета во авион.

Сепак, VietJet се согласи на ветување дека нема да има таков „испад“, не сакајќи нештата да станат непријатни.

„Силно сме определени за најдобрата можна понуда на индонезискиот пазар“, вели Џеј Л. Лингесвар, заменик директор во VietJet.

Индонезија, инаку, е земја со најголем број муслимански верници на планетата, па во одделни делови од земјата се практикува и локална верзија на шеријат.