Тепачка на соученици кај Бит Пазар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вчера попладне, околу 14.30 часот кај Бит Пазар, од страна на 10 до 15 непознати лица, ученици во средното училиште Владо Тасевски извршиле физички напад над двајца седумнаесетгодишни ученици од истото училиште. Тепачката ја започнале откако се симнале од автобус број 50.

Од страна на лекар кај двајцата биле констатирани телесни повреди. Едниот од нив ќе биде задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.