Тепач со краток фитил: Ја загуби борбата, па ја нокаутираше ринг-девојката


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ММА тепачите често се доста брутални во своите борби во октагонот. Понекогаш е навистина мачно и брутално да се гледа како се задаваат нокаути, но кога еден „фајтер“ ќе нокаутира една од убавиците кои ги најавуваат рундите во борбата, тоа е веќе неубава глетка.

А токму тоа се случи на ММА настанот Titan FC 42. Фархад Шапиров во рингот беше посилен и поконкретен од Ендру Витни, па судиите со едногласна одлука донесоа победничка пресуда во негова корист за серија од четири победи.

Но, откако Шарипов беше прогласен за победник, Витни исфрустрирано замавна со десната рака и ја погоди несреќната убавица од рингот право во глава. Секако, ненамерно, бидејќи не виде дека е зад него. Со младата дама е сè во ред, но глетката воопшто не беше пријатна.