Актуелно

Температури над 40 степени: Сончево и многу топло време


Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб ветер од западен и јужен правец. Во попладневните часови локално ќе има слаб развој на нестабилна облачност, која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи. Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а максималните од 34 до 41 степени.

Во Скопје, попладне е можен краткотраен дожд со ретки грмежи. Температурите ќе се движат од 20 до 39 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време.  Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст, при што во вторник и в среда во најтоплите делови повторно ќе надмине 40 степени.

Извесна промена на времето проследена со нестабилна облачност  со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува в среда кон четврток. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а со тоа ќе има намалување на дневната температура за околу 5  до 7 степени.

Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на  викенд кога ќе има локална  нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!