Тело од мртов маж со повреди на главата најдено на штипските улици


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На штипската улица „Стујеска”, денес наутро во 7.45 часот, беше пронајдено беживотното тело на 62-годишниот Т.Б..

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека според првичните информации, кај 62-годишниот штипјанец констатирани се видливи повреди на главата.

Во моментов од слобода се лишени три лица од Штип во координација со јавен обвинител заради водење информативен разговор.

Крим полиција и јавен обвинител се на терен и работат на расчистување на настанот.

Панајотова вели дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали околу овој случај.