Татко на осум деца падна и загина додека позираше за роденденска фотка (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Видео снимката која беше објавена на интернет го прикажува застрашувачкиот момент кога човек загина на сопствениот роденден додека позираше на опасно место за својата роденденска фотка.

Халил Даг скокаше од камен во историскиот дворец Урф во јужна Турција, а потоа загуби рамнотежа и падна преку работ.

И покрај тоа што се обиде да се фати со рацете за нешто и така да го спречи својот пад, 39-годшниот татко на осум деца падна од 50 метри висина и заврши во курдскиот ресторан во подножјето на карпата. Во критична состојба беше превезен во блиската болница, но подоцна им подлегна на повредите.

Видеото го прикажува Халил како скока од карпата со висина од околу метар и пол, паѓа на нерамна површина накосена кон работ од карпата. Се гледа како очајнички се обидува да остане на нозе додека превртува преку работ.