Таму никој никого ниту го гледа, ниту го знае: Дали сте чуле за Binky?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Социјалните мрежи одамна не се само дел од современиот живот, туку за многу луѓе станаа и начин на живеење.

Настаните на социјалните мрежи на многу луѓе им станаа поважни од тоа што се случува во вистинскиот живот. Дали за тоа има лек?

Многу студии покажуваат дека овој облик на зависност стана „рамноправен” со многу други форми на зависност.

Меѓутоа, едно од решенијата би можело да биде новата апликација или како што ја нарекоа некои „социјална мрежа за тие кои не ги сакаат социјалните мрежи”.

Се работи за апликацијата Бинки (Binky), чија главна предност е нејзината едноставност. Бинки прави речиси се што „прават” и класичните социјални мрежи и апликации, како Фејсбук или Твитер.

Можете да прегледате безброј објави и профили, да „лајкувате“, па дури и да коментирате. Во што е тогаш нејзината тајна?

Во тоа што нема шанса некој да види која било од вашите објави, ниту да реагира на вашата реакција. Имено, си што правите на оваа мрежа, не гледа никој друг освен вие.

Но, авторите на апликацијата токму тоа го истакнуваат како најголема предност, бидејќи така „барем нема да ги замразите своите пријатели на социјалните мрежи”.

Дали сето тоа има смисла, можете да испробате ако користите iOS уреди.