Талат го побара од Иванов мандатот за Влада, Заев бара што побрзо формирање на истата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска со писмо го известил претседателот на државата Ѓорге Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство и дека е избран претседател на Собрание на Република Македонија, соопштија од кабинетот на Џафери.

Тој очекува дека претседателот на државата да постапи според уставот на Република Македонија и да го додели мандатот за формирање влада на мнозинството во Собранието.

Џафери денеска е во прва официјална посета на Брисел. Според агендата предвидено е тој да се сретне со комесарот за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини. Предвидено е во Брисел, Џафери да се сретне и со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани  како и европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.