Талат Џафери: Го одбрав помалото зло


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во интервју за емисијата „Ноќно студио“ на ТВ Телма, претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, изјави дека сѐ уште размислува и се консултира што каква одлука и потег да донесе околу најавеното непотпишување на указот за Законот за јазици од страна на претседателот Ѓорге Иванов.

Не ги кажа опциите за наредниот чекор, но смета дека е најважно што спречил блокада и обезбедил да функционира Собранието во претстојниот реформски процес, пренесува Мкд.мк.

„За мене е битно дека го обезбедив она што го ветив претходно, дека повеќе нема да дозволам да има ситуација да се блокира Собранието, а тоа го правам во интерес на граѓаните и на државата, особено во овие историски околности пред кои се наоѓаме. Во интензивните разговори за надминување на разликите во спорот за името, свесен сум за мојата политичка одговорност и се решив за помалото зло“, рече Џафери.

Тој смета дека неотворањето расправа по амандмани е оправдано ако се работи за повисока цел.

„Ако се 36 илјади амнадмани по пет минути расправа и гласање по пет минути, тоа се триста работни дена по десет часа, ништо друго да не работите, вклучувајќи саботи, недели и празници“, рече Џафери.

Собранискиот спикер не се согласува дека усвојувањето на Законот за јазиците е избрзана одлука, бидејќи е изгласан на 11 јануари, а тој им дал два месеца, како што рече, „сите да се вразумат“. Во однос на овој закон ВМРО-ДПМНЕ, рече, имале ултимативни барања.

„Овде нема политички проблем, овде има изричито политичка одлука на политичка партија која не може да разбере дека е во опозиција и по секоја цена сака тоа да го претвори во проблем“, изјави Џафери.