Талат Џафери ги распиша локалните избори – Ќе се гласа на 15 октомври


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Собранието, Талат Џафери го потпиша решението за распишување на локалните избори, членови на општините и членови на градот Скопје, но и за градоначалници на општините.

„Ова го направив согласно законската обврска, која ја имам како претседател. Според законските одредби, локалните избори ќе се одржат на 15 октомври. Решението ќе биде доставено до ДИК“, рече Талат Џафери.

Тој апелираше до сите учесници во изборниот процес, да се однесуваат онака како што налага уставот и законските норми, со тоа, да обезбедат фер изборен процес. Изборната кампања започнува 20 дена пред одржување на изборите, со тоа, Џафери извести дека Собранието ќе работи но нема да има пленарни седници, со цел пратениците да се посветат на изборната кампања.