СЗО потврдува: Медицинскиот канабис без штетни последици по здравјето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светската здравствена организација потврди дека канабисот кој се користи во медицински цели нема штетни последици по здравјето од пациентите.

Активниот канабиноид ЦБД во медицинската марихуана не влијае штетно на здравјето, туку е полезен за лекување епилепсија и во палијативната нега објавија од СЗО после долго години претпоставки за можни нуспојави.

ЦБД не е ниту опасен, ниту предизвикува зависност.

– Зголемен е интересот на американските сојузни држави за употреба на канабисот во медицински цели, вклучувајќи ја и палијативната нега. Како одговор на тој зголемен интерес СЗО во последните неколку години собра силни докази за медицинската употреба и нуспојавите од канабисот и неговите состојки. Новите докази собрани со испитување на животни и луѓе покажуваат дека употребата на канабисот има терапевтски ефект на епилептични напади и поврзани состојби, стои во извештајот.

Раул Елизалде, од Мексико со годоини се бореше за легализација на медицинската марихуана за да ѝ помогне на своајта ќерка која што имала стотици напади секој ден, сега е воодушевен од оваа вест.

– Пресреќен сум што водечките светски здравствени експерти се согласуваат дека ЦБД има терапевтски ефект на различни медицински состојби, изјавил Елизалде за „Маил Онлајн“.

Најголемиот светски извор на информации за медицинска марихуана, компанијата Лифлај објасни дека ЦБД за разлика од ТХЦ не е психоактивна состојба, а има потенцијал за примена во лекувањето на многу состојби и болести.

– Постојат докази дека ЦБД може да има невропротективни, антиифламаторни и аналгетски својства, и потенцијална терапевтска вредност во лекувањето на пореметувања како што се депресија, анксиозност и зависност, наведува Лифлај (Leafly).