Актуелно

Светитрифунска временска прогноза


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во крајните западни делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус пет степени, а дневната од еден до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до два, а дневната до осум степени.

Врнежи од снег со слаб до умерен интензитет во западните и јужните делови ќе има и во четврток. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Нови врнежи се очекуваат кон почетокот на наредната работна недела.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top