Свештеникот ја замоли невестата да се тргне, за зетот да запроси и друга девојка


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Знаеме дека насловот звучи чудно, но тоа навистина се случи, а целата приказна и тоа како е убава.

Толку убава што приказната за венчавката на Вил, Ешли и нејзината сестра Хана, стигна брзо до сите светски медиуми.

Во моментот кога Хана дошла на свет, нејзината повозрасна сестра Ешли знаела дека сос војата сестричка секогаш ќе бидат како „прст и нокт“. Но, како што Ешли растела, а растела и Хана, почнала да сфаќа дека нејзината сестра не е како останатите девојчиња.

Тогаш родителите ѝ објасниле на Ешли дека Хана е родена со Даунов синдром, па дека поради тоа никогаш нема да биде целосно иста како останатите деца, а подоцна и возрасни. Ешли воопшто не се исплашила од тоа, туку сама себеси си ветила дека секогаш ќе биде тука за својата сестра и дека нејзина „работа“ ќе биде секогаш да се грижи за неа. Без оглед на сè. Затоа, цел живот секаде ја водела со себе и секогаш се трудела нејзината сестра добро да се вклопи во нејзиното друштво, па на тоа инсистирала и кога започнала љубовна врска со Вил.

Кога нивниот однос се продлабочил, Вил сè повеќе уживал во друштво на двете сестри, бидејќи Ешли не сакала да дозволи сега, кога има партнер, нејзината сестра да трпи поради тоа, па Вил немал друга опција освен да се помири со таквата ситуација. И тоа не му беше воопшто тешко, бидјеќи Хана отсекогаш била пријатно и забавно друштво, па со тек на време ја засакал како сопствена сестра.

Така функционирала нивната врска, која Вил и Ешли на крајот решиле да ја крунисаат со брак, а Вил тогаш се сетил какво изненадување ќе им приреди на сестрите.

Договорил фотографи, го пронашол најубавото место и на фотосесијата ги повикал двете сестри. Тие не знаеле дека тој спрема не едно, туку две запросувања.


Најпрвин, клекнал на колено и ја прашал Ешли дали сака да му биде сопруга. Секако дека таа одговорила потврдно. Тогаш, се свртел кон Хана, клекнат на колено, и ја прашал дали сака засекогаш да биде негова најдобра пријателка.

Девојката вриснала од возбуда и покажала големо воодушевување што воопшто е вклучена во таков посебен момент. Но, желбата на Вил да го одбележи обединувањето со својата сакана и нејзината сестра не завршува тука.

Вил со време сфатил колку Ешли значи за својата помала сестра, па  дека тие тројца неминовно ќе мора да бидат цврсто поврзани цел живот. Затоа, големиот ден на венчавката им го посветил на двете. Малку е да се каже колку со тоа ги изненадил гостите, а најмногу својата најдобра пријателка Хана.


Во договор со свештеникот, после заветот за љубов до крајот на животот со Ешли, ја замолил невестата малку да се тргне на страна, бидејќи има уште една личност која Вил треба да ја праша нешто.

Тогаш пред олтарот застана Хана, а после големото прашање и нејзиниот воодушевувачки позитивен одговор, Хана морала да вети уште нешто. И тоа што го вети ја покажа сета цврстина на нивнито однос и пред сè, поимањето на Вил за нивната заедничка иднина и улоги кои во нивниот живот ќе ги имаат сите тројца.