Суслина меѓу трите ѕвезди на колото и со една од најдобрите одбрани


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусната голманка на Вардар Ина Суслина, која брилјираше на гостувањето во Норвешка против Ларвик, со една од своите интервенции се најде и во листата на најдобрите 5 одбрани во тековното коло.

Покрај тоа, Русинката доби уште едно признание од ЕХФ за својот извонреден настап, па беше одбрана и меѓу трите ѕвезди на колото.

„Вардарки“ досега победија на сите три средби од групната фаза и сосема заслужено се предводници на табелата. Во наредното коло кое се игра на стартот на ноември, Вардар е домаќин на Ларвик.

Одбраната на Суслина можете да ја видите ОВДЕ.