Вебкафе

Супер теми за разговор со вашите деца!


Сите родители кога разговараат со своите деца, поставуваат прашања кои се најчесто поврзани со нивното училиште и пријатели.

Со таквите прашања обично се настојува да се добие информации од детето за сигурноста и основните потреби. Прашањата се поставуваа малку реторички, а кога се разговара за некои посебни теми детето нема трепение да одговара. Тоа е природна ситуација.

Запомнете, недостатокот на време никогаш не смее да биде изговор, особено кога станува збор за вашето дете, затоа ако не стигнете порано, задолжително пред спиење поставете неколку важни прашања на вашето дете.

Кој ти беше омилен дел од денешниот ден?

Ова е одлично прашање кое може да му го поставите на детето, а така ќе се сети на тоа што го исполнило и ќе биде среќно пред спиење. Детето со тоа добива навика да се фокусира на се добро што му се случило тој ден.

Кога сте најсреќни?

Ако го насочете детето да внимава на искуствата во кој најмногу ужива, тоа же почне да сфаќа како своето време да го насочува кон активностите кои му пружаат задоволство.

Што би сакале да правите за време на викендот?

Со ова прашање им давате прилика на своите деца да бидат среќни додека дојде времето за викендот. Детето кое се радува на викендот што следи е среќно дете. Затоа пружете им го тоа задоволство и дозволете им на децата да бидат среќни и позитивни чекајќи го викендот.

Што може да направите за да усреќите некого?

На детето ќе му подарите прекрасен подарок ако го одведете кај некој болен роднина. На тој начин детето ќе може да научи некои постапки за однесувањето кон постари луѓе, а со тоа воспитувањето ќе биде повеќе конкретно.

Што сакате да правите денес или утре?

Излегувањето и вклучувањето на детето во физички активности е фантастичен начин за да му насадете некој нова навика подобра од седењето пред компјутер. Вежбањето ослободува ендорфини, а тие ефикасно делуваат врз лечењетона депресијата. Вежбањето исто така помага во ослободување на насобраниот стрес, а сончевата светлина помага во подобрување на расположението.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top