Актуелно

Судиите во Кривичен донесени од Панчевски се враќаат во матичните судови


Првиот човек на Републичкиот судски совет, Зоран Караџоски, по денешната свечена изјава на новоизбраниот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев, рече дека четири судии од Кривичниот суд, кои во време на претходниот претседател Владимир Панчевски беа делегирани од судовите во Неготино, Тетово и други градови, се вратиле во матичните судови.

Помеѓу нив се и судиите Александра Поп-Стефанија и Елена Илиевска-Јосифовиќ за кои СЈО поднесе барање за разрешување пред Советот за факти, иницијативи кои беа отфрлени од Советот за факти и не стигнаа на дневен ред до Судскиот совет.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) минатата година побара изземање на судијката Поп Стефанија во случајот на уништување на опремата за прислушување каде поранешната министерка Гордана Јанкуловска е обвинета во овој случај, со оглед на фактот што сопругот на Поп Стефанија е вработен во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино.

Апелациониот суд сепак ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство.

Поп-Стефанија во своите решенија ја оспори и надлежноста на СЈО да постапува во „Тврдина“.

Судијката исто така оцени дека СЈО незаконски го претресило домот на поранешниот шеф на Петтата управа, Горан Грујовски, кој е првосомничен во случајот „Тврдина”, бидејќи според неа, тој веќе бил во притвор.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top