Студот е најголем и најопасен метеоролошки убиец – еве ги фактите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од сите метеоролошки елементи и појави, најсмртоносен е оној „најтивкиот“ – студот. Но, не секогаш пониска температура значи и поголема опасност. Опасноста е во начинот на кои ние се однесуваме на студено.

Добар пример е Лондон, кој во Европа има најголем број на смртни случаи поврзани со ниските температури. Разликата помеѓу Лондон и далеку постудените градови, како Москва, Осло, Хелсинки итн., е во начинот на облекување на населението. Англичаните се оние кои најмалку употребуваат шалови, капи и ракавици, пишува Метеопро.мк.

Кога е студено, телото на човекот „гледа“ да ја сочува топлината кон срцето и белите дробови, со тоа што се врши констрикција на површинските крвни садови (оние на кожата). На тој начин крвта се „згуснува и станува полеплива“. Токму овој процес подоцна во текот на денот може да биде фатален, односно да доведе до срцеви удари.

Затоа, во овие студени денови во текот на зимата, но и во оние денови кога студот изгледа „понаивно“, не заборавајте добро да се заштитите.

Еве што има за тоа да каже и ВВС во извадокот од нивниот документарен филм Wild Weather.