Сцените со оргии од бордел во новата хит серија ги оставија без зборови гледачите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


The Handmaid’s Tale е дистописка серија-драма снимена според романот од Маргарет Атвуд, која со првите две епизоди привлече големо внимание, но сцените со групен секс во последната епизода ги остави без зборови гледачите.

Во досега емитуваните девет епизоди од серијата врие од секс сцени, но најшокантни сигурно беа оние од осмата епизода во која слугинката ја носат во бордел, каде силувањето како да е најнормална работа на светот многумина го посматраат од страна.

Приказната е сместена во дистописка иднина, во која САД се под власт на теократска воена диктатура. Во општеството во кое поголем дел од жените останале неплодни поради загаденоста предизвикана од војните, плодните жени, познати како слугинки, се држат затворени.

Освен тоа, ги присилуваат на секс, но кој нема никаква врска со задоволството, туку исклучиво со процесот на зачнување.

Во осмата епизода која беше емитувана минатата недела, Офред (Елизабет Мос) ја водат во бордел каде група луѓе ги „силуваат“ жените кои се принудени на живот како проститутки во ултрарелигиозната земја.

Серијата, чија прва епизода, поради мрачната приказна, но и сцените со силување, публиката ја остави ужасната, веќе е обновена за втората сезона и засега добива одлични критики.