Стравичен судир на Плетвар: Заглавено телото на едно починато лице


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во стравичната сообраќајка која се случи пред околу три часа, на патниот правец Градско-Прилеп, на Плетвар, еден од возачите на автомобилите кои се судрија го загуби животот.

Според информациите од полицијата во сообраќајката учествувале две возила, „Аскона“ без регистерски таблички, управувано од возач чиј идентитет се уште не е утврден и „Пежо 307“ управувано од 30-годишниот Ј.К. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „Аскона“, поради што починал на лице место.

Од МВР информираат дека сообраќајот се одвива по една лента, бидејќи телото на починатиот е заглавено, поради што ќе интервенира екипи на противпожарна единица.