Страв лозје чува: Поради закана за затвор, Шакира исплати огромна сума кеш


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Избегнувањето на плаќање данок на славната латино пејачка Шакира ѝ надвисна потенцијална казна затвор, пто во голема мера ја исплаши славната Колумбијка. За да ја избегне можноста да заврши зад решетки, Шакира плати неверојатна сума кеш.

Пејачката беше предупредена со ригорозна казна и можеше да заврши во затвор, па за да ги избегне таквите последици, таа на властите им исплати повеќе од 20 милиони евра, објавија шпанските медиуми.

Тужбата против пејачката беше покрената во 2011-та година, а откако властите ја проверија финансиската состојба во периодот од 2011-2014 година, заклучија дека затаила данок.

Шакира се пријавила како даночен обврзник во Барселона во 2015-та година, а претходно била регистрирана на Бахамите.

Во Шпанија, поминувала помалку од шест месеци годишно, па затоа не била задолжена да пријави заработувачка, тврдат адвокатите на Шакира. Сепак, огромна сума пари е исплатена, а властите ќе продолжат да ја проверуваат во следните три години.