Вебкафе

Страв лозје чува: Човекот кој го создаде популарниот LIKE го избриша Фејсбук од својот телефон


Џастин Розенштајн, програмерскиот инженер кој во 2007 година го создаде LIKE, една од најпопуларните функции на Фејсбук, ја избриша Фејсбук апликацијата од својот мобилен телефон.

Тој вели дека стравот е психолошки ефект кој го предизвикуваат LIKE и Фејсбук на луѓето од цел свет.

Guardian пишува дека Џастин е толку загрижен што самиот себеси се блокирал на Редит и Снепчет, а и строго го ограничил времето кое дневно го поминува на Фејсбук.

Според пишувањето на Independent, тој неодамна купил нов iPhone и ја активирал функцијата која оневозможува преземање на сите апликации.

„Вообичаено е луѓето да развијат некоја работа со најдобра намера, а истата работа да предизвика хаотично многу негативни последици“, вели Розенштајн.

Истражувањето направено во 2016 година покажа дека социјалните мрежи се пат кој води кон депресија. Едно засебно истражување покажа дека Инстаграм е најштетната социјална мрежа за менталното здравје.

„Освен тоа, апликациите ја ограничуваат можноста за фокусирање и поради нив луѓето имаат потенцијално понизок коефициент на интелигенција. Сите се збуните цело време“, вели Розенштајн.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top