Таратур

Страниците од Плејбој ги красеа и Македонки – еве кои позираа за славното списание (18+)

Основачот на Плејбој, Хју Хефнер, замина, но легендата продолжува да живее и да ги дразни машките страсти.

Македонското издание на славниот магазин за мажи, „Плејбој“, иако траеше кратко, своите насловни страници ги украси со неколку македонски убавици. Прва од славните се охрабри Каролина Гочева. Потоа на насловна се најдоа Миа и Маја, па следеа Александра Накова, Елизабета Симоновска, Нина Костова и Марија Кочовска.