Столтенберг: Ако прифати Грција, Македонија ќе стане членка со БЈРМ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврди дека бара членство во НАТО под референцата БЈРМ, обврзувајќи се дека додека трае ратификацијата на приемот, ќе продолжат преговорите за решавање на спорот со Грција.

Изразувајќи надеж дека Македонија ќе биде следна добра вест од регионот, по Црна Гора, Заев рече дека иако не е фер, владата е посветена на дијалогот и на градењето доверба со Грција, за да го исполни дополнителниот услов што НАТО ни го наметна за прием во алијансата.

„Бев присутен во Букурешт кога ја донесовме одлуката“, го почна категорично Столтенберг објаснувањето дека од 2008 па последен пат лани во сите комуникеа на НАТО се повторува истата позиција – дека Македонија ќе биде примена во НАТО кога ќе го реши спорот за името со Грција. „Ова се уште е наша позиција“, потврди тој.

На упорните прашања дали има некоја резервна „врата“ Македонија сепак да влезе под референцата, Столтенберг одговори:

„Она што јасно го кажуваме на секој самит е дека сакаме заеднички прифатливо решение за спорот. Не кажуваме какво, туку заеднички прифатливо за Грција и за поранешната југословенска Република Македонија. Јас не можам да ви диктирам или специфицирам какво да биде тоа“, рече Столтемберг порачувајќи дека ако Атина се согласи тоа име да биде БЈРМ, НАТО нема да има ништо против.

Заев од своја страна оцени дека сите овие години на блокиран процес не научија дека стоењето во место предизвикува кризи и затоа ќе се обиде на сите моќни начини да ја придвижи земјата кон алијансата.

„Ние се надеваме дека можеме да станеме членка со привременото име и да продолжиме со преговорите, како што се случи со Црна Гора, односно додека трае процесот на ратификација да најдеме решение за спорот“, наглси Заев на прес конференцијата.
Столтенберг сепак беше охрабрен од најавите од Заев дека ќе го интензивира дијалогот со Грција, давајќи им речиси исто значење потоа и на остварувањето на реформите, на владеењето на правото,на борбата против корупцијата и на мултиетничките услови, како очекувања за членство. Тој очекуваше да се изградат силни демократски институции и да се имплементираат бараните реформи.

Средбата со Столтенберг беше последна на агендата на Заев во Брисел во ваков висок политички формат.