Стив Џобс на своите деца не им давал да користат iPad и тоа со добра причина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред седум години Стив Џобс стоеше на сцената од манифестацијата која ја организираше Apple и го претстави дотогаш невидениот „гаџет“, iPad.

Го опиша како неверојатен уред кој ќе послужи како алатка за едукација, овозможувајќи им на луѓето да сурфаат на интернет, да гледаат видео материјали и да комуницираат со други луѓе. На кратко, iPad беше претставен како најдобриот уред дотогаш.

„Она што овој уред го прави е извонредно. Тоа е најдоброто искуство на користење интернет кое некогаш сте го имале. Феноменално е да се види целата веб страна на екран чувствителен на допир. Многу подобро од лаптоп. Многу подобро од смартфон“, рече тогаш Џобс.

Две години подоцна, новинарите го прашаа: „Вашите деца сигурно многу го сакаат iPad-от?“, а неговиот одговор беше неочекуван.

„Всушност, кај нас дома не им дозволуваме на децата да користат iPad. Мислиме дека за нив тој е преопасен“, изјави тој.

Причината поради која Џобс и неговата сопруга ја донеле таа одлука е бидејќи сфатиле колкава зависност може да создаде iPad кај децата, особено тоа што буквално ја брише потребата да се излезе од дома и да се разговара во живо со луѓето, пренесува Tech Insider.

Дури и ако излезете надвор со iPad, голема е веројатноста дека ќе ве „влече“ и дека нема да можете да одолеете да не ѕирнете што се случува на интернет на кратко. Британско-американскиот новинар Ник Билтон тврдеше дека Џобс на своите деца им го ограничува користењето на интернетот, а времето го минувале во дружење и играње.