Сте пробале сè и пак не можете да заспиете – овој генијален трик е лек за несоница


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кога сме биле мали, често не сме сакале да одиме во кревет кога ќе ни кажат, а сега одвај чекаме да заспиеме и да спиеме што е можно подолго. Но, иронијата е во тоа што баш тоа, брзото и лесно заспивање, како и долгото спиење, не ни успева баш на дневна основа, без разлика колку рано си легнуваме и се држиме до распоредот.

Најлошо во цела ситуација е што токму таа загриженост поради неможноста брзо и лесно да заспиете може уште подолго да ве држи будни. Ако веќе сте испробале сè што ви паднало на памет и ништо не дава резултати, можеби е време да испробате една генијална тактика од истражувањето кое е објавено во списанието Journal of Experimental Research, пишува Bustle.

Не е непознато дека анксиозноста поради неостварените цели може да биде пречка за здрав сон, затоа психолозите од Универзитетот Бејлор во Тексас, сакаа да видат дали пишувањето дневник пред спиење ќе им помогне на луѓето побрзо и полесно да заспијат.

Експертите ги следеа навиките за спиење на 57 испитаници на возраст помеѓу 18 и 30 години, а сите од нив пред спиење мораа да исполнат една писмена задача. Еден дел требаше да напише што постигнале во последните неколку дена, а другите да напишат што треба да направат во наредните неколку дена.

Колу подетална листа, толку полесно заспивање

Додека испитаниците спиеја, експертите ги собираа податоците од движењата на нивните очи и активностите на мозокот. Резултатите покажаа дека втората група заспала девет минути пред онаа која ги запишувала постигнатите резултати. Колку нивната листа била подетална и поконкретна, толку луѓето побрзо заспивале.

„Од ова можеме да заклучиме дека поефикасно за побрзо и полесно заспивање е, пет минути пред спиење, да ги запишувате задачите и целите кои сакате да ги извршите и постигнете, отколку да го запишувате она што веќе сте го направиле“, велат истражувачите.

Водечкиот автор на ова истражување, Мајкл Скалин, вели дека не е доволно таа листа да ви помине низ глава, туку треба и детално да ја запишете. „Запишувањето делува растеретувачки, бидејќи им помага на луѓето да се опуштат од грижите“, вели тој.

Пробајте и во пракса проверете дали овој продуктивен трик дава ефект.