Ставија постер од порно ѕвезда на среде нива за заштита од „урокливи очи“ (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Индиски фармери користат постер од порно ѕвездата Сани Леоне, со цел да ги заштитат своите посеви од „урокливи очи“ и тврдат дека тоа е поефективен начин отколку заплашување или клетви.

Како што вели еден од фармерите, поради тоа што нивната нива се наоѓа блиску до главниот пат, селаните кои поминуваат покрај неа љубоморно гледаат на посевите. За да се заштитат, тие првин поставиле обични кукли со глинени лонци кои потсетуваат на човечки глави, но тоа не вродило со резултат и претрпеле штета на родот.

„Тогаш се сетивме на нешто ново. Отидоме во печатница и испечативме постер од млада жена кој го поставивме на почетокот од нивата. Сега селаните кои поминуваат одовде гледаат во постерот и продолжуваат понатаму. Посевите се многу подобро напредуваат и немаме веќе проблеми“, тврдат овие креативни фармери.