Станал директор на основно училиште со лажна диплома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешен директор во основното училиште „Наим Фрашери“ во Куманово ја извршувал функцијата со фалсификувано уверение за завршен VII/1 степен на Педагошкиот факултет.

МВР соопшти дека 61-годишниот И.А. од Куманово со парична сума поттикнал референт за студенски прашања на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје да му издаде уверение за завршениот степен поради што против двајцата е поднесена кривична пријава.

„Второпријавениот го запишал првопријавениот на прв циклус на студии за учебната 2010/2011 година, а потоа на 6.10.2010 година, без истиот да ги полага програмските испити и без да уплати парични средства за испити и семестри во буџетските средства на РМ, му изготвил фалсификувано уверение за завршен VII/1 степен образование, со што го оштетил буџетот. Потоа, првопријавениот за временскиот поериод од 16.06.2011 до 03.01.2015 година го употребил уверението од Педагошкиот факултет при именување на истиот за директор во основното училиште ‘Наим Фрашери’ во Куманово“, соопшти МВР.

Лани И.А. повторно го употребил уверението за работен ангажман преку АПВ Арбеит ДЕ Скопје, а потоа во временскиот период од трети јануари годинава до денес при засновање на работен однос во Општина Куманово, остварувајќи личен доход за вредноста на тој исплатен личен доход го оштетил буџетот.