Спортска трагедија: Загина млад скијач при спуст!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот германски скијач Макс Буркарт го загуби животот на спуст-трката што се возеше во серијата Нор-Ам во канадскиот ски центар Лејк Луис, соопшти Скијачката федерација на Германија.

17-годишниот Буркарт паднал на најстрмниот дел од патеката и потоа со голема брзина се забил во заштитната мрежа.

При падот добил тешки повреди поради што бил хоспитализиран во болницата во Калгари, каде што починал. Буркарт беше член на клубот од Гармиш-Партенкирхен.

Младиот Германец е вториот скијач што го загуби животот во Канада откако во претсезоната на тренингот загина Давид Паисон од Франција.