Актуелно

Спонтан протест на новинарите од МПМ: Им бараат да се пријават во нова фирма ќерка


Вработените во весниците на МПМ,  Дневник, Утрински и Вест денеска спонтано се собраа на протест пред редакциите за да искажат револт од најновите случувања во команијата.

Тие изјавија дека утринава добиле имејл со кој им се наложува да се пријават и да испратат биографија за вработување  во новата фрима ќерк на МПМ, Медиа принт Дооел.

Новинарите не знаат што ќе се случува со постоечката фирма во која се вработени, но велат дека во новата компанија ќе се примаат двојно помалку новинари од онаа бројка што сега ја има во весниците.

Тие побарале средба со менаџментот за она што ќе се случува натаму во фирмата, но досега не добиле  никаков одговор.

Фирмата Медиа принт Дооел од семејството на МПМ што беше отворена во крајот на февруари оваа година вчера објави оглас за вработување 55 новинари. Ангажманот е на определено работно време од шест месеци, а платата е 20 илјади денари.

Лошата финансиска состојба во овие медиуми трае со години, а пред нова година новинарите излегоа на штрајк поради неисплатени плати.

Александар Динев денеска не е достапен за коментар да објасни што се случува во компанијата.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!