Split трета недела по ред на врвот од американскиот „бокс офис“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На врвот од американскиот „бокс офис“ изминатиот викенд немаше промени, бидејќи челната позиција и натаму ја задржа трилерот Split.

Новиот трилер хит заработи 14,6 милиони долари минатиот викенд, што беа доволни да ја зачува првата позиција на која се наоѓа од неговата кино премиера на 20 јануари.

На второ место е Rings, дебитантот кој заработи 13 милиони долари, а трет е A Dog’s Purpose со 10,8 милиони. Еве ја листата со топ десет најгледани филмови во кино салите во САД и Канада за минатиот викенд, со заработките во милиони долари.

1. Split 14,6
2. Rings 13
3. A Dog’s Purpose 10,8
4. Hidden Figures 10,1
5. La La Land 7,5
6. Resident Evil: The Final Chapter 4,5
7. Sing 4
8. Lion 4
9. The Space Between Us 3,8
10. xXx: Return of Xander Cage 3,7