Спорт

„Специјалниот“ крена бело знаме: Сити е шампион, тука нема дилема!


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека трката за шампионската титула во Премиер лигата е завршена.

Градскиот ривал Манчестер Сити е неприкосновен лидер со 15 бода предност на табелата, а Мурињо верува дека тимот на Гвардиола веќе ја освои титулата.

„Им оди добро и не му дозволуваат на никого да им се доближи. Шампионската титула е практично одлучена“, изјави Мурињо.

„Останува борбата за останатите позиции, но не сметам дека поради Сити сезоната на останатите клубови е неуспешна. Челзи е актуелен шампион, Ливерпил има одличен тим, Арсенал имаше добар трансфер период, Тотенхем игра фантастично…нема да биде лесно да го задржиме второто место“, заклучи Португалецот.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top