Специјална модерна верзија: Новата Lada 4×4 Bronto е спремна за иднината


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од обичниот модел 4×4, порано познат како „Лада Нива“, специјалната верзија се разликува по поголемите тркала, самоблокирачкиот диференцијален преносник, зајакнатиот заден мост, зајакнати предни пружини, како и по новите амортизери. Освен тоа, растојанието меѓу најниската точка на возилото од тлото (клиренс) кај новиот теренец е поголема за 35 милиметри.

 

Во пакетот стандардна опрема Bronto има систем против блокирање на сопирачките ABS, клима-уред, греење на предните седишта, ретровизори са електрично прилагодување, носачи на покривот и експедициски багажник. По избор може да се добие зајакната заштита на куќиштето на моторот и разводната кутија, подвижен вртел, магленки и дополнителни светла за попречните носачи на покривот.

Цената на ваквото возило Lada 4×4 Bronto се движи од 656 илјади рубли (околу 9.640 евра), а со максималната опрема изнесува 720 илјади рубли (околу 10.580 евра). За споредба, најниската цена на обичната верзија Lada 4×4 е 508 илјади рубли (околу 7.460 евра).