Музика

Спектакл во најава: Светска премиера на Walk On Water – новиот сингл од Еминем


Изведувачите кои на 12 ноември ќе настапат на доделувањето на 2017 MTV EMA во Лондон, ќе им се придружи и Енимен кој премиерно ќе го изведе својот нов сингл Walk On Water.

Ова ќе биде четврт насташ на популарниот рапер на MTV EMA. Последен пат на ова доделување на наградите се појави во 2013 година во Амстердам, кога почестен со MTV Global Icon признание и тутила најдобар хип-хоп изведувач. Еминем досега беше награден дури 15 пати на ЕМА наградите, а оваа година е номиниран во две категории – за најдобар хип-хоп изведувач и најдобар настап во живо.

„Со 35 номинации и 15 освоени награди, Еминем секогаш е драг гостин на ЕМА и воодушевени сме што можеме да го најавиме неговиот настап на најголемата ноќ во музиката“, соопшти Брус Гилмер, извршен продуцент на MTV EMA доделувањето на наградите.

Еминем се придружи на претходно најавените изведувачи кои ќе настапат утревечер, меѓу кои се U2, Дејвид Гета, The Killers, Шон Мендес, Деми Ловато, Лиам Пејн, Камила Кабељо, Кеша, Стормзи, Тревис Скот, Френч Монтана и Клин Бандит, на кои ќе им се придружат Зара Ларсон, Ен-Мари и Џулија Мајклс. Водителка ќе биде Рита Ора, која исто така ќе има свој настап.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top