Спектакл на „Енфилд“: Ливерпул и Сити изрежираа реклама за фудбал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каков натпревар, Сити загуби по 30 натпревари.

Фудбалерите на Ливерпул го победија Манчестер Сити со резултат 4:3 (1:1) во големото дерби на 23. коло од англиската Премиер лига. Стрелците за Ливерпул беа Окслејд-Чемберлен, Фирмино, Мане и Салах, додека за гостите погодија Сане, Бернандо Силва и Гундоган.

Уште во деветата минута, Фирмино украде топка на некои 35 метри и го проигра Чембрлен, а тој со прецизен удар во спротивниот агол го совлада Едерсон. Интересно, ова за него е трет гол во дресот на Ливерпул во 20. натпревари во Премиер лигата, а во Арсенал за истиот учинок му беа потребни 71 натпревар.

Сити до изедначување дојде во финишот на првото полувреме кога практично и за прв пат влезе во казнениот простор на противникот. Се играше 41. минута, кога Кајл Вокер со долга топка го пронајде Сане, а Германецот постигна гол во вистинскиот агол .Се разбира, голманот Кариус мораше подобро да реагира во оваа ситуација, но на за негова среќа чудесното напаѓачко трио во второто полувреме го „разби“ Манчестер Сити.

Во 59. минута Фирмино со прекрасен удар го совлада Едерсон за 2:1. Само стотина секунди подоцна, Салах ја украде топката, го проигра Мане, а тој постигна гол за огромни 3:1. Во 68. минута Салах ги реши сите дилеми околу победникот, Едерсон очајно ја исфрли топката, а Египѓанецот од 40 метри постигна прекрасен гол за 4:1.

Пеп Гвардиола мораше да оди на се или ништо, во игра го стави Бернандо Силва на местото на Стерлинг и токму Португалецот по 10 минути пред крајот на натпреварот намали на 4:2. Тој по одбиената топка остана сам на втората статива и погоди за 4:2. Следуваше чудесен финиш, Агуеро го проигра Гундоган во петерецот, Германецот го матираше Кариус за конечни 4:3, но домаќините до крајот успеаа некако да ја сочуваат својата мрежа и да им го нанесат на „Граѓаните“ првиот пораз.

Извор: СПОРТСКИ.МК