Совет на јавни обвинители ќе одлучи дали СЈО ќе го добие случајот „Сопот“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дали Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ќе ѝ го достави на Катица Јанева предметот за случајот Сопот, ќе зависи од Советот на јавни обвинители. Од Обвинителството за Мета потврдија дека го добиле барањето на СЈО, но се обратиле до Советот на јавни обвинители и побарале од него да се произнесе околу тоа дали предметот треба да му биде даден на Специјалното јавно обвинителство, пренесува Мета.

Од ОЈО за организиран криминал велат дека за ова го известиле и СЈО.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција има добиено барање од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за предметот Сопот и по истото има постапено. Во рамките на своите надлежности, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се обрати до Советот на јавните обвинители на Република Македонија со барање Советот да се произнесе по однос на барањето за доставување на предметот за што го извести и Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, стои во одговорот на обвинителството на нашето прашање дали ОЈО за организиран криминал и корупција ќе му го достави предметот на СЈО или ќе бара насоки од Советот на јавни обвинители, како што беше случај со неколку други предмети.

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека на 4 ноември од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција го побарале предметот за случајот Сопот за да одлучат дали овој предмет спаѓа во нивна надлежност, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации во враска со случајот.

Станува збор за судски процес во врска со подметнатата експлозивна направа во близина на кумановското село Сопот, од која во 2003 година загинаа двајца припадници од контингентот на НАТО и еден македонски државјанин, за што подоцна беа осудени 11 лица, етнички Албанци.

Во еден од прислушуваните разговори што минатата година ги објави опозицијата, односно во 25. бомба, поранешната министерка за внатрешни работи и ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, разговараат за случајот Сопот и за тоа каква пресуда треба да биде донесена против обвинетите.