Социјалните мрежи штетни по менталното здравје – особено Инстаграм!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Менталното здравје и социјалните медиуми имаат комплициран однос. Аргументите за тоа дали нашата „конекција” со тие платформи е позитивна или негативна, се менуваат секоја недела.

Социјалните мрежи ни пружаат прилика да ја промениме својата реалност, т.е. да се претставиме какви што не сме, но исто така можат да направат да се чувствуваме лошо кога гледаме „совршени” туѓи животи.

Истражувачи од Велика Британија во рамки на студијата „Status of Mind” интервјуирале околу 1.500 лица на возраст од 14 до 23 години за тоа како Инстаграм, Снапчет, Твитер, Фејсбук и ЈуТјуб влијаат на нивното ментално здравје. Истражувањето покажало дека Инстаграм е најштетен, посебно за младите жени. Популарната апликација е издвоена поради својата способност буквално да филтрира било каква несовршеност, што кај корисникот предизвикува вознемиреност, депресија, осаменост и неисполнетост.

Единствена платформа која добила позитивна оценка е ЈуТјуб. Меѓутоа, истражувачите истакнуваат дека луѓето генерално се чувствуваат лошо поради честата употреба на социјалните мрежи. Исто така, наведуваат дека користењето на социјалните мрежи подолго од два часа дневно ја зголемува веројатноста од појава на психички проблеми.

За да не се чувствуваат корисниците лошо, истражувачите предложиле славните лица, модните марки и други организации доброволно на фотографиите да стават икона и да означат дека фотографијата е доработена.