Сопругот ѝ забранил да се натпреварува на Miss Bum Bum – го остави и ја освои круната


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На овогодинешното натпреварување за најсекси задник во Бразил круната ја однесе фаталната Роси Оливеира.

Откако ги порази тринаесетте финалистки и ја освои титулата, убавицата откри дека поради нејзиното учество на ова натпреварување морала да се одрече од својот сопруг.

„Ми рече да бирам помеѓу него и натпреварувањето“, откри таа за Daily Mail.

Роси ја претставуваше државата Амазонас и тврди дека воопшто не жали што го напуштила сопругот за да се обиде да го оствари својот сон и да ја освои најласкавата титула за најдобар задник на Бразил.

„Тоа беше најлесната одлука која сум ја донела било кога. Сонував за овој миг уште од детството, па не сакав да му дозволам тој да ми застане на патот. Уште не можам да верувам дека ми се оствари. Морам да се штипнам за да се уверам дека не сонувам“, вели таа.

Роси, исто така, откри дека добила понуда за снимање од Playboy, но тврди дека уште не одлучила дали ќе ја прифати или одбие.

Ако се земе во предвид дека претходната победничка на ова натпреварување солидно заработи од спонзорства и позирање за разни списанија, не е воопшто чудно што Роси очајно ја посакуваше оваа титула.

Четиринаесет финалистки, свесни колку оваа победа може да им го смени животот, ги покажуваа своите атрибути во разни пози, вклучително и клекнати на „сите четири“ истакнувајќи ги своите задници пред камерите, но судиите наводно барале и харизма од нив.

„Победничката на ова натпреварување ќе го претставува Бразил во странство, па не е доволно да има само добар задник. Потребни се и харизма и карактер“, вели една од судијките.

„Задниците се национална опсесија во Бразил. Ние се гордееме на нашите задници, а Мис Најсекси задник ќе не претставува сите нас, па затоа е тешко да се одбере победничката“, додаде друга.

Поради тоа, воопшто не зачудува што многу девојки се користат со разни трикови за да обезбедат пласман во финале. Минатиот месец беше откриено дека шест девојки го фалсификувале интернет гласањето, а една морала да помине на рентген за да докаже дека нејзиниот голем задник е природен, а не е производ на импланти.