Сопрена исплатата на субвенции: Зошто никој не сака да биде директор на Платежната агенција?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе две недели Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и руралниот развој е без директор. Досегашната директорката Билјана Вуковиќ е разрешена од позицијата, а нејзина замена се уште нема.

Како што пренесува Телевизија 24, нејзини извори брифираат дека во моментов нема кој да ги потпишува дел од документите за кои ингеренции има само директорот. Засега нема информации зошто е сменета Вуковиќ и кој ќе ја замени. Според извори на Телевизија 24 засега не можело да се најде замена, оти никој не сакал да ја прифати директорската позиција  во Платежната агнеција која менаџира со исплатата на земјоделските субвенции.

Министерот за земјоделство Михаил Цветков не сакаше да одговори зошто е разрешна Вуковиќ и кога ќе се постави нов директор.

За директорската смена во Агенцијата, не е добиен став ниту од Владата.

Во меѓувреме исплатата на субвенциите за земјоделство сеуште е стопирана, но не поради разрешувањето на Вуковичќ, туку поради тоа што сеуште нема нова Влада. Министерот Цветков повторно изјави дека е подготвен предлог за измени на Изборниот законик во делот на роковите за исплата за време на избори.Но и за да поминат тие измени потребно е конституирање на Собранието, нешто што засега останува неизвесно кога ќе се случи. Дотогаш исплатата на субвенциите останува стопирана.

Според податоците од Агенцијата од вкупната сума за субвенции за 2016 година во износ од 89,7 милиони евра, досега се исплатени само околу 34 милиони евра.