Сообраќајната полиција во Британија го запре лично Хомер Симпсон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога сообраќајците од Thames Valley Police го запреле еден несовесен шофер поради прекршок при возење, типот дополнително си ја искомплицирал ситуацијата кога на полицаецот му покажал возачка дозвола со фотографија од Хомер Симпсон со неговите податоци и потпис.

На фотографијата Хомер се држи за главата исто како кога го изговара своето познато „Доох“, а адресата е во американскиот град Спрингфилд.

Полицијата на „Твитер“ ја објави лажната фотографија, а подоцна се дознало дека и адресата била лажна, односно дека познатото семејство Симпсон во познатата цртана серија не живее на дадената адреса.

Возилото е запленето, а возачот приведен поради возење без осигурување и прописна дозвола.