Сонце и малку облаци за овој четврток


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните делови со локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните температури ќе се движат од од 11 до 18 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 28 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје утре исто така сончево со умерена облачност. Teмпературата од 15 до 33 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно време со секојдневен пораст на дневната температура, која до вторник во голем дел од земјава ќе надминува 35, а на места ќе достигне и 40 степени. УВ индексот ќе има многу високи вредности.