Сонце и малку облаци оваа среда


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сончево со умерена облачност, во западните делови променливо облачно, претпладне со повремен дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието повремено умерен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 5 до 10 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 12 до 24 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 10 и дневна до 22 степени.

Од четврток времето ќе биде стабилно со умерен јужен ветер и со значителен пораст на температурата.