Сончево со северен ветар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сончево со мала облачност. Ќе дува слаб, а долж Повардарието повремено умерен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од минус 6 до 3 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 5 до 17 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -2 и дневна до 15 степени.

Во деновите потоа утринските температури полека ќе се покачуваат, а во вторник наутро се очекуваат позитивни утрински насекаде. Северниот ветер ќе продолжи да дува и за викендот, а повторно ќе засилува и тоа на север, по Повардарието и кон исток во недела.

Во недела попладне ќе се зголемува облачноста и ќе има услови за слаб краткотраен дожд, на планините од слаб снег преку ноќта. Дневните температури од недела брзо ќе се покачат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела, тие ќе се надминуваат 20 степени пред се на југоистокот.