Сончево и многу топло време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер. Попладне во планинските предели ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд и грмежи.

Дневната температура ќе се движи од 32 до 39 степени Целзиусови. Вредноста на УВ-индексот ќе биде многу висок и ќе изнесува 9

УХМР најавува дека и во следните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и многу топло време.

Дневната температура до среда ќе биде во постепен пораст, при што во вторник и во среда во најтоплите делови од земјава повторно ќе го надмине 40-иот степен. Извесна промена на времето проследена со засилен северен ветер и намалување на дневната температура за околу 5 степени се очекува в четврток.