Сончева среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога нема што премногу да се пишува во прогноза тоа значи само едно, сончево време. Мал, но не и небитен додаток за временската прогноза за оваа среда со која и завлегуваме во втората половина од февруари тоа што се очекува да имаме ветровито време, особено долж повардарието.

Утрото ќе биде релативно студено Минималната температура ќе има негативни вредности во дијапазонот помеѓу минус 6 и минус 2 Целзиусови.

Максималната температура ќе има вредности во границите помеѓу 7 и 11 степени низ поголемите населени места во земјава, додека на југоисток температурата ќе достигне до околу 13 степени.

Пошироката скопска околина очекува ведро и ветровито време Температурата ќе има минимална вредност околу минус 4, а максимална вредност околу 9 степени.