Сончев неделен ден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сончево и топло, попладне во западните делови со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринските температури ќе се движат од минус 1 до 5 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 16 до 24 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 4 и дневна до 23 степени.

Во текот на следната работна недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд со слаб, а повремено со умерен интензитет. На повисоките планини можен е и повремен снег.