Сончев четврток со мала облачност


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 5 до 12 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 16 до 26 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 10 и дневна до 24 степени.

До сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. Во сабота кон крајот на денот ќе има услови за локализирана појава на нестабилност, а нов влажен бран со врнежи од дожд и појава на грмежи се очекува в недела, кога ќе дува повремено засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на дневната температура.