Сонце и по котлините воздух со лош мирис носи овој петок


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Слаб ветер и претежно ведро небо очекуваме в петок. Котлините, за жал повторно под онаа препознатлива заматеност, која веќе сите знаеме не е на арно. Дури и ветерот нема особено да ги размрда работите во насока на расчисување на колините, затоа што нема да има доволно сила.

Наутро минималната температура ќе има вредност помеѓу минуст 4 и минус 8 степени Целзиусови низ котлините и околу минус 10 степени во малешевскиот крај.

Tемпературата ќе има максималната вредност помеѓу 4 и 8 Целзиусови низ поголем дел од котлините, а на југоисток околу 12 степени.Скопскиот регион очекува ведро време, ама она вистонско ведро време ќе мора да го побарате на околните планини. Наутро ќе биде студено со минимална температура која ќе има вредност околу минус 6, додека вредноста на максималната температура ќе биде околу 7 степени Целзиусови.