Согорувајте калории додека уживате и се забавувате – еве кои активности се најефикасни


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За да вежбате и сте во добра форма не секогаш е потребно да имате членарина во теретана, бидејќи постојат голем број на активности кои можете да ги правите во природа или на отворено, кои ќе имаат подеднаков ефект во поглед на трошењето на калории, па и зајакнувањето на мускулите.

1) Возење велосипед : 650 калории/ч при брзина од 20км/ч

Покрај тоа што ги тонира нозете, возењето велосипед го зајакнува и кардиоваскуларниот систем. Затоа, особено во летниот период, користете го велосипедот што почесто – дали за разонода, дали за одење до продавница и слично, а добра „вежба“ која помага во зајакнувањето на јадрото е да земете ранец во кој што би ги ставиле намирниците.

2) Градинарство: 400 калории/ч

Еден час активност во градината согорува околу 400 калории, а постојаното клекнување и наведнување го зајакнува јадрото и нозете.

3) Пешачење/планинарење: 440 калории/ч

Пешачењето или планинарење во природа е одлична вежба за подобрување на работата на срцето и зајакнување на нозете.

4) Качување по карпи: 500-825 калории/ч во зависност од рутата

Оваа активност овозможува значителен мускулен стрес на горниот дел од телото, но бидете внимателни, особено доколку сте почетник, секогаш да имате помош од сертифициран водач на ваквиот тип на тури.