Живот

Содома и Гомора преку „Подем на гревот“: „Грев, блуд и разврат“ на скопската модна сцена


„Подем на гревот“ од Андреј Папаз Ѓоргиевски е модната колекција со чија презентација изминатиот викенд, во хотелот Мериот, беше отворен Fashion Weekend Skopje.

Колекцијата на Папаз несомнено е нешто што нема да ве остави рамнодушни. На модната писта имавме можност да погледнеме ревија инспирирана од библиските Содома и Гомора и она што се крие зад нив – грев, блуд, разврат.

„Подем на гревот“ достојно си го носи името, совршено интригира и буди љубопитност.

Kолекцијата ја отсликува внатрешната потреба за препуштање кон задоволството, истражување на сексуалноста и целосно ослободување.

Деталите од Блискиот Исток само ја надополнуваат приказната изработена од еко кожа, жоржет, штоф и чоја.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top