Собранието им го одзеде имунитетот на 6-те пратеници


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со 66 гласа „за“ одземен имунитетот на шесте пратеници, ниту еден против ниту воздржан.

Предлогот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања е усвоен на пленарна седница на Собранието. Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски, Жаклина Пешевска и Љуен Арнаудов се шесте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за кои судот побара Собранието да им го одземе имунитетот.

Сo изгласувањето на одлуката заврши постапката предвидена со Деловникот на Собранието и Уставот за симнување на пратеничкиот имунитет. Шесте пратеници се од крвавите настани во Собранието на 27 април.

За одземање на имунитетот на Жаклина Пешевска и Јохан Тарчуловски „за“ гласаа 66 пратеници. Системот не го регистрирал гласот „За“ од пратеничката Ивана Туфегџиќ.